Колку луѓе треба да се вакцинираат, за да се создаде колективен имунитет: Д-р Кон го има одговорот

од Берта Китинска

Српскиот епидемиолог д-р Предраг Кон вели дека колективниот имунитет се создава само ако 80 проценти од населението се вакцинира, што во случајот на Србија е над 5 милиони луѓе.

– Треба да се сфати дека ова е динамичен процес и дека зголемувањето на бариерата ја намалува активноста на вирусот. Целосното сузбивање на вирусот засега е невозможна мисија, бидејќи сите во светот треба да се вакцинираат рамномерно – рече д-р Кон и додаде дека имаме „оружје“ во наши раце и треба да го користиме.

Кон посочи дека треба да влеземе во следната фаза на вакцинирање и дека се повеќе граѓани ќе бидат поканети да се вакцинираат.

Според него, само вакцината е бариера што може да го запре ширењето на вирусот.

Тој посочи дека имунитетот што се добива со вакцината е поголем од оној што се создава кај луѓето кои страдале од оваа болест, потсетувајќи дека асимптоматските пациенти немаат екстремен имунитет.

Слични содржини