Колку треба да е постар мажот, за жената да биде среќна?

од Stefanija Kuzmanovska

Љубовта може да биде комплицирана, но работите се многу поедноставни кога ќе разбереме што сакаме и што ни одговара. Се чини дека жените најмногу сакаат емоционална стабилност и мудрост, а тоа може да го обезбедат мажи малку постари од нив – поточно, шест години постари. Барем така велат резултатите од истражувањето.

Оваа разлика во возраста се покажа како идеална во истражувањето, цитирано од порталот Bright Side.

Зошто жените сакаат малку постари мажи?

Постојат многу причини и нема место за стереотипи.

Еве што велат некои жени на „Редит“ за тоа што им нудат постарите мажи:

„Не се комплицирани, не играат игри.

„Безбедност. Зрелост. Мудрост“.

„Животното искуство им дава емоционална зрелост, стабилност и можност да го постигнат она што го сакаат“.

„Тие се едноставно позрели. Повеќето ве почитуваат, разговараат со вас, ве слушаат, споделуваат сè со вас и имаат многу повеќе животно искуство“.

„Убаво е да се биде во врска со некој што е среден, кој знае што сака од својата иднина. Исто така, ако маж е на возраст без основни животни вештини, не сакам да бидам со него“.

Идеалната разлика е шест години

Истражувањето на порталот „WhatsYourPrice.com“ вели дека вистинската разлика во врската е кога мажот е шест години постар од жената. Ова е прикажано врз основа на податоците од првите 100.000 „дејтови“ помеѓу постари мажи и малку помлади жени.

„Жените стануваат позрели побрзо од мажите и затоа не ги интересираат многу мажи на нивна возраст или помлади од нив“, изјави првиот човек на оваа страница, која го спроведе истражувањето, додавајќи дека покрај разликата од шест години, жените сакаат и постари, но максимум до 10 години.

Слични содржини