Колку всушност е „тешко“ кралското семејство?

од Vladimir Zorba

Кралицата Елизабета за време на нејзиното 70-годишно владеење стекнала огромно богатство. Парите дојдоа не само како резултат на плаќање даноци од граѓаните, туку и од земјиштето што го поседува кралското семејство.

Кралското семејство има неколку скапи имоти, додека замокот Балморал, кој бил најсакан од кралицата, вреди неверохатни 140 милиони долари.

Приватното богатство на кралицата се проценува на 370 милиони фунти во 2022 година, според „Сандеј Тајмс“, што е за 5 милиони фунти повеќе во однос на претходната година.

Елизабета имала и колекција на кралски поштенски марки вредни 100 милиони фунти, според „Тајмс“.

Принцот Чарлс, кој сега е крал, имал нето богатство од 100 милиони долари. Сега ќе биде уште побогат благодарение на титулата, бидејќи ќе наследи се што и припаѓало на кралицата.

Интересно е што само скапоцените камења на круната вреди околу 3 милијарди фунти.

Сопругот на Елизабета, принцот Филип, оставил зад себе многу помало богатство од кралицата, односно 30 милиони фунти. Тој, исто така, поседувал збирка слики која броела околу 3.000 дела, од кои повеќето биле чувани за семејството и пријателите.

Се наведува и дека Елизабет зад себе оставила тестамент според кој дел од нејзиното богатство отишло кај други членови на семејството.

Интересно е и тоа што младиот принц, односно синот на принцот Вилијам, има значителна сума на пари на својата сметка.

Имено, принцот Џорџ има 4 милијарди долари на својата сметка. Инаку, тој е најстариот син на Вилијам и Кејт, а голема популарност стекна со појавување на важни настани.

Принцот Вилијам, војводата од Кембриџ, беше еден од наследниците на тронот. Сепак, тој не сакаше да чека додека не стане тој што седи на тронот за да се здобие со огромна сума пари. Неговото богатство доаѓало од различни извори и вклучувало наследство и месечен надоместок. Со неговата заедничка плата од работата од британскиот даночен обврзник, тој собра огромна сума на заштеди што го направи богат иден крал, проценет на 40 милиони долари.

Слични содржини