Прашањето за претседателските плати честопати привлекува значително внимание на јавноста, особено поради големите разлики помеѓу нивните приходи и просечните плати на граѓаните. Податоците покажуваат интересни разлики помеѓу земјите од регионот, при што македонската претсадателка Гордана Сиљановска-Давкова има најниска плата меѓу нејзините колеги во регионот.
Покрај нивните основни плати, претседателите често добиваат дополнителни бенефиции како што се службени резиденции, превоз, осигурување и трошоци за персоналот, што значително ја зголемува вкупната вредност на нивните приходи.
Како што пренесува „Вечерњи лист“, шефицата на македонската држава заработува околу 1.500 евра месечно што ја прави последна во регионот.
Колку за споредба, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ моментално прима месечна нето плата од околу 6.074 евра. Наташа Пирц Мусар, претседателката на Словенија, заработува околу 6.500 евра бруто, што ја става во највисоката класа на плати во таа земја. Таа има околу 3.800 евра на својата сметка.
Членовите на Претседателството на БиХ добиваат околу 2.920 евра, според податоците од октомври 2023 година.
Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, добива 2.125 евра месечно за водење на земјата, а неговата сопруга Милена заработува 700 евра повеќе бидејќи има плата од 2.863 евра. Ова е еден детал од имотниот лист што Милатовиќ го доставил до црногорската Агенција за спречување на корупција на 27 јануари 2026 година.
Поранешната претседателка на Косово, Вјоса Османи, во својата годишна анкетна пријава за имотот пријавила плата од 10.305 евра со службени патувања во странство, покрај годишната плата од 33.248 евра што ја добивала како претседател, пренесува „Reportori.net“.
Платата на претседателот Александар Вучиќ, според најновиот извештај објавен на веб-страницата на српската Агенција за спречување на корупција, изнесува 2053 евра, што е покачување за околу 170 евра во споредба со последниот имотен лист што го доставил.
Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, има плата од околу 3.860 евра месечно, додека во Бугарија, претседателката добива околу 3.000 евра месечно. Илијана Јотова официјално стана прв претседател на Бугарија на 23 јануари 2026 година.