Колорадо шампион на НХЛ по 21 година!

од Vladimir Zorba

Колорадо Аваленч се нови шампиони во НХЛ! Тимот од Денвер стигна до титулата по 21 година чекање со триумф во шестиот натпревар од финалето против Тампа Беј (2:1) и го освои Купот Стенли со вкупен резултат 4:2.

„По повеќе од 20 години чекање, сонот се оствари. Ова е неверојатна група на момци, од врвот на организацијата до физиотерапевтите и нашите сопруги и обожаватели. Прекрасно е чувството да се биде на врвот на планината“, изјави капитенот Габриел Ландески.

Канадскиот дефанзивец Кајл Макар беше прогласен за најкорисен играч во финалето, станувајќи само третиот одбранбен играч кој е носител на МВП титулата.

Финалната серија ја заврши со три гола и четири асистенции.

Слични содржини