Колумбијката Соња Суарез Гомез (45), девојка на починатиот Страхиња Стојановиќ (30), под чиј автомобил беше поставена бомба, повторно објави видео на својот Инстаграм профил.

Имено, на споменатото видео се гледа како тие двајца возат во автомобил и се држат за раце.

Да потсетиме, Соња била во автомобилот со убиениот Страхиња Стојановиќ, кој загина во атентатот.

Првиот обид за атентат врз него се случи во август 2018 година, кога на совозачкото седиште со него била шпанска мисица. Ола Билбао Гонзалес тогаш речиси останала без нога, поради тешките повреди што ги здобила во експлозијата на автомобилот на Стојановиќ.

Ќерката на 45-годишната Колумбијка исто така објави на социјалните мрежи. Инстаграм сторијата ја посвети на убиениот Стојановиќ. На фотографијата се гледа нејзината мајка Соња и Страхиња, над кои е напишано: „Те сакаме“.

Експлозивната направа поставена под џипот на Стојановиќ, најверојатно ја активирал велосипедист, кој бил во непосредна близина. Велосипедот подоцна пронајден напуштен во реката Сава. Прегледани се снимките од безбедносните камери од околните згради и е проверено движењето на сите минувачи, а истражителите најмногу се сомневаат во човекот облечен како професионален велосипедист, кој бил снимен од камерите додека минувал недалеку од местото каде што бил разнесен Стојановиќ.

Видеото можете да го погледнете на следниот ЛИНК.

 

Слични содржини