Конте по ремито со Ливерпул: Тимот многу напредуваше под мое водство

од Vladimir Zorba

Тотенхем извлече вредно реми на гостувањето кај Ливерпул и продолжува да брка пласман во Лигата на шампионите. Спарс се петти во табелата во Премиер лигата со 62 бода – еден помалку од Арсенал, кој денеска му гостува на Лидс.

„Добар резултат, важен бод. На крајот можевме дури и да постигнеме втор гол и да победиме. Многу е тешко да се игра против Ливерпул. Тоа е неверојатен тим, со голема енергија, особено на „Енфилд“, каде што има многу врева и фантастична атмосфера“, сподели Конте.

„Бевме добро подготвени, организирано се браневме и не дозволувавме ситуации пред нашата мрежа. Можевме да бидеме попрецизни кога топката беше во наш посед, но не беше лесно да се носиме со постојаниот притисок од Ливерпул“, изјави Италијанецот.

„Сега треба да се опоравиме, бидејќи во четврток ни претстои уште еден важен натпревар – против Арсенал. До крајот на сезоната секој освоен бод е од големо значење за пласман во Лигата на шампионите. Мислам дека под мое водство Тотенхем бележи значителен напредок. Запомнете дека дојдов дури во ноември и секој ден работиме напорно за да го збогатиме фудбалското знаење на играчите“, изјави Конте.

Слични содржини