Корејскиот полуостров во состојба на готовност, Ким најави пресврт во работата на секторот за одбрана

од Stefanija Kuzmanovska

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун претседаваше со состанокот на Централната воена комисија и повика на зајакнување на воената моќ и најави нова пресвртница во работата на одбранбениот сектор.

Вчерашниот состанок на воениот врв прогласи состојба на готовност поради нестабилната состојба на Корејскиот полуостров, но не беа соопштени повеќе детали за планираните воени активности, пренесува „Ројтерс“ повикувајќи се на државната агенција КЦНА.

Според извештајот, Ким се осврнал на организациски прашања, отпуштања, трансфери и нови назначувања на некои високи офицери, а беа разгледани и важни задачи со цел да се направи нов пресврт во целокупната работа на националниот одбранбен сектор.

Пленарниот состанок на Централниот комитет на владејачката Лабуристичка партија на Северна Кореја е закажан за подоцна во јуни.

Слични содржини