Корона пресек во светот: Во моментов 19 милиони лица се лекуваат од ковид

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на заболени од ковид во светот моментално се намалува, и покрај доминантниот подсој omicron BA.5, а моментално 19 милиони луѓе се лекуваат од оваа болест ширум планетата.

Во моментов, 19,04 милиони или 99,8 отсто од пациентите имаат лесна или умерена форма на корона, додека околу 44.000 пациенти или 0,2 отсто се во тешка состојба, покажуваат податоците на сајтот worldometers.info.

Секој ден бројот на заболени се намалува, но сепак бројките се движат меѓу 800.000 и 1.000.000 заболени дневно.

Слични содржини