„Корона-тренинг“: Фудбалерите на Баерн Минхен се вратија на терените после двомесечна пауза (видео)

од Nikola Popovski
Фудбалерите на Баерн Минхен попладнево го одработија првиот тренинг по двомесечна пауза поради пандемијата на коронавирус.
Како што јавуваат германските медиумите, се работело во групи по четворица играчи и без физички контакт.
„Беше наобично што работевме во така мали групи, но беше прекрасно да се видат момците повторно во живо. Благодарност до клубот и сите кои помогнаа повторно да работиме на терен во вака тешки околности“, рече капитенот Мануел Ноер.
Бундеслигата е под суспензија од 13 март додека фудбал во Германија сигурно нема да се игра до крајот на април.

 

Слични содржини