Коронавирус: Починаа повеќе од 42.000 луѓе, повеќе од 860.000 се заразени

од Stefanija Kuzmanovska

Утрово се пријавени над 860.000 случаи на заразени од коронавирус, а ширум светот починале повеќе од 42.000, закрепнати се 178.441, според Worldometers.

Бројот на заразени лица останува најголем во Соединетите држави – над 188.000, по што следат Италија со повеќе од 105.790 и Шпанија со скоро 96.000 случаи.

Најголем број луѓе погодени од вирусот починале во Италија, околу 12.500, додека речиси 8.500 починале во Шпанија и околу 4.000 во САД.

Во Кина, каде започна епидемијата на коронавирусот, се пријавени 81.554 случаи, а повеќе од 3.300 починале.

Слични содржини