Коронавирусот галопира, најмногу заразени во Кавадарци, Скопје и Неготино

од Берта Китинска

Изминатава недела е забележан раст на бројот на новозаболени за 23 проценти.

Според извештаите на Институтот за јавно здравје во сите општини освен во Дојран е забележано зголемување на бројот на новозаболени

-Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Кавадарци со 8.418,9 на 100.000 жители, Скопје (7.646,1/100.000) и Неготино (7.414,9/100.000), а најниска инциденца со 2.277,4 заболени на 100.000 жители се регистрира во Македонски Брод. Највисока неделна инциденца од 847,9 случаи на 100.000 жители е регистрирана во Неготино, заедно со Демир Капија. Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 13,2 до 26,7 отсто, или во просек 20,9 отсто, 3 отсто повеќе во споредба со минатата недела. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години, а голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (20,1 отсто), 40-49 (17,8 отсто), 50-59 (17,4 отсто) и 20-29 (14,0 отсто). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (2,3 отсто) и 10-19 години (5,2 отсто). По добиени 2 негативни теста за присуство на ковид-19 или со употреба на новиот алгоритам, со статус ‘оздравени‘ се стекнале 3.895 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, зголемен за 2,2 пати во споредба со минатата недела“, се вели во соопштението на ИЈЗ.

Таму е наведено и дека пријавени се 57 смртни случаи од 16 градови, 17,4 отсто помалку во однос на минатата недела.

„Во однос на возраста, 50 лицa биле над 60 години, 5 лица на возраст од 50-59 години и по едно лице од возрасните групи 30-39 и 40-49 години“, се вели во извештајот.

Слични содржини