Кортни не го крие незадоволството: Дали најстарата сестра заминува од шоуто?

 

Со цел да ги измазнат несредените осноси главата на кланот Кардашијан-Џенер, Крис Џенер, одлучила дека треба да ги однесе своите ќерки на семеен викенд во Вајоминг.

На семејниот собир стигна и Кендал Џенер, а единствената која во последен момент откажа, беше најмладата членка, Кајли.

Ова всушност беше идеална прилика за трите сестри Кардашијан конечно да можат на мир да поразговараат за се што ги тишти во последно време, иако Ким и Клои продолжија по старо и почале да ја напаѓаат најстарата сестра, Кортни.

– Имам чувство дека Ким и Клои во последниве две години ме малтретираат, особено кога нешто не е по нивна желба и доколку не се придржувам до она што тие би го сакале – започнала Кортни претејќи со заминување од куќата.

View this post on Instagram

rich bitches

A post shared by Kourtney Kardashian (@kourtneykardash) on

– Зошто постојано имаат потреба да се чепкаат со мене? Зошто мора постојано да ме критикуваат? Никогаш нема да ја победам борбата со нив. Ништо од ова не е забавно, сите сфаќаат се сериозно, па дури и јас. Едноставно, повеќе не уживам во заедничките дружења.

Членките на најпознатото семејство на светот разговорот го продолжија истиот ден за време на вечерата, разговарајќи за иднината на реалното шоу кое ги прослави и кое се емитува на каналот Е! од 2007 година.

– Доколку продолжиме да работиме заедно треба да се обидеме барем да ги почитуваме туѓите потреби и да слушаме што имаат другите да ни кажат. Мое мислење е дека имаме и понатаму што да понудиме и треба да продолжиме со снимање додека сите се среќни – порачала главата на семејството Крис Џенер.

На ова Кортни повторно додала дека е потребно еден со друг да се почитуваат.

– Доколку сите се однесуват како што ти се однесуваш, од шоуто нема да биде ништо – рекола Ким, на што Кортни се надоврзала:

– Имам три деца и тие се мој приоритет, не шоуто. Зошто тоа морам постојано да го повторувам? Немам намера да го сменам мислењето. Она што се обидувам да ви кажам е дека сум се помалку среќна. Секој има своја точка на пукање. Животот е прекраток и не се врти околу ова шоу. Не сум среќна што дошло до таа точка и мислам дека ми треба пауза – едноставно не сакам повеќе да снимам – рекла Кортни.

Дали тоа Кортни го кажала во афект, или навистина ќе се оствари, ќе видиме во наредните месеци.

Слични содржини