Космонаутко: Сите мора да разбереме дека само заедно и совесно можеме да ја прекинеме оваа голгота

од Берта Китинска

Најпознатиот медицински техничар Денис Јанкуловски или попознат на социјалните мрежи како космонаутко на својот Фејсбук профил преку својот емотивен пост во врска со високиот број на пачинати лица уште еднаш испрати порака дека сите мора да разбереме дека само заедно и совесно можеме да ја прекинеме оваа голгота.

-50 починати

„Денко, бабата што и зема брис вчера…….почина„

„Само да ве известам дека мајка ми почина, не издржа, сепак ви благодарам што дојдовте“

„Денко, мајка ми умре, инаку негативна испадна. Фала колега“

50 починати

Да ги чуваме заедно постарите, многу брзо, понекогаш дури и неверојатно брзо едноставно ги снемува, ги губиме. Денес се најмногу лица над 60 години. Нјаосетливи се, колку и да ги пазиме, колку и да се пазиме очигледно доволно е сосема малку за голема беља.

Факт е дека од нив има и кои и сами не се пазат, дури и ден денес додека им земам брис ми велат дека ма нема врска ова. Им велам дека не е доволно нивните деца и внуци да се грижат за нив, џабе е ако и тие не внимаваат. Што е право на тоа премолчуваат. И нема што да кажат, се надевам дека тоа стига до нив.

Во овие 14тина месеци гледам многу тага, слушам за премногу човечки загуби во едно семејство. Да се разбереме, и минус еден во семејството е многу повеќе од загуба. А двајца? А тројца? Да, да, има и тоа, за жал.

Сите мора да разбереме дека само ЗАЕДНО и СОВЕСНО можеме да ја прекинеме оваа голгота, оваа во многу домови присутна агонија. Еднострано ништо не дава резултат. Кога велам еднострано не мислам само на еден дел од народот кој беспрекорно почитува мерки.

Се додека очекуваме само „од некого“ тешко ќе оди. Или да спиеме на тоа уво дека „тие се таму за тоа“ и „тие треба да решат“. Да, точно е сето тоа, најмногу се очекува од нив. Но и ние не смееме да не правиме ништо или па одиме контра.

А исто факт е дека и тој „некого“ може и мора многу повеќе да направи затоа што сите овие огромни бројки на заразени и особено страшно големите бројки на починати се одамна поразителни и секојдневно се поболни и поутепувачки. Траорни атмосфери, солзи и црнила…….премногу за една година а навлеговме и во втората со појачано темпо.

Критикувам секого што е за критика, кој и да е.

Сите да прават тоа што треба. И народот и државата.

Затоа што: Што е доста, многу е!!

Ќе издржиме, мора да издржиме, лудило е, маки и тегоби. Ете, ни се погоди токму ние, сите ние, на различнини начини да го кркаме стапот. А стапов долг у бестрага, како крај да нема. А има. И затоа ајде уште еднаш да апелираме за поголема свесност и поголема функционалност и одлучност од сите кои имаат „чварки на рамењата“.

И утре да имаме само бројки на заразени. Договорено?, пишува Јанкуловски.

Слични содржини