Косово е единствено на Балканот без кинески инвестиции

од Vladimir Zorba

Според БИРН, на Западен Балкан има 135 проекти во вредност од најмалку 32 милијарди евра, поврзани со Кина.

Според тој медиум, Кина инвестира во металургијата, рударството, енергетиката и транспортот во регионот, а Косово е единственото на Западен Балкан што нема кинески инвестиции.

Кинеските компании од 2012 до 2021 година инвестирале или издвоиле повеќе од 2 милијарди евра во само 16 проекти во Србија, а кинеската банка за извоз и увоз обезбедила заеми за проекти во вредност од најмалку 5,7 милијарди евра.

Во исто време, Кина донираше милиони евра помош во форма на медицинска опрема.

Слични содржини