Костадинов: Се крена телефонот од Будимпешта и наеднаш Мицкоски прави марш за правда

од Viktor Jovanov

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадиновски во вечершната дебата на телевизија Телма изјави дека утрешниот марш на ВМРО-ДПМНЕ во кој бараат правда во државата, е нарачан од страна на експремиерот Никола Груевски кој се наоѓа во бегство во Будимпешта.

-Се крена телефонот од Будимпешта, и наеднаш Мицкоски прави марш за правда. Тоа се тие контра-протести кои ВМРО-ДПМНЕ ги правеше додека беше на власт. Извршителот Мицкоски продолжува по насока на Груевски од Будимпешта. Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, истата режимска матрица има единствено за цел заштита на криминалот и криминалците со очајнички обид, марш за „неправда“ за да се спасат. Не, нема да се спасат, вели Костадиновски.

-Дадовме време правосудството кое мора да биде независно, да ги заврши предметите. Наместо тоа видовме заташкување на предметите и чување предмети во фиока. Ви дадовме шанса од повеќе 1 година заедно да го креираме Законот за Јавно обвинителство. Се што може да се опструира за напредокот на државата, ВМРО-ДПМНЕ го направи. Се прашувам што имаат толку граѓаните на Република Северна Македонија, што толку им згрешија па да опструираат се, рече Костадиновски.

Слични содржини