Костадинов: За хидроцентралите на Мицкоски предмет отвори ДКСК, фирми должат данок, што сака да сокрие? (ВИДЕО)

од desk2

Прес конференција на Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

“Три дена Христијан Мицкоски не одговора на што се должи неговата најава за повлекување од бизнисот со хидроцентралите?” – изјави Костадинов на денешната прес конференција.

“Јавноста, граѓаните многу добро знаат дека Државната комисија за спречување на корупција веќе има отворено предмет за неговите бизниси со хидроцентрали.” – продолжи Костадинов.

Костадинов исто така изјави дека граѓаните очекуваат одговор, прашувајќи што е тоа што Мицкоски го плаши да одговори јавно на прашањата.

 

 

Слични содржини