Костов: Никогаш нема да биде применет Законот за јазици

од Aleksandar Todeski

Законот за јазици го крена еснафот и никогаш нема да биде применет, рече во емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5 аналитичарот Сотир Костов. Тој говореше и за Изборниот законик, за кој рече дека најмалку една година пред избори не се прави негова измена.

„За новиот Изборен законик проблемот е во СДСМ. Најмалку година дена пред избори не се прави промена на Изборен законик. Тоа не може да го направи Заев кога ќе посака, има правила. Опозицијата му вели не, се менува сега Изборен законик, нема поддршка ни во коалицијата. Нема ни случајно да се смени Изборниот законик. Чул некој за отворени листи и ајде сега отворени листи. Немаме доволно демократија инаку и јас посакувам“, рече Костов.

Според аналитичарот Ненад Јовановиќ, во овој момент нема клима за измена на изборниот модел, но смета дека во постизборниот период ќе се јават духови кои ќе сакаат измена на моделот.

„Се претпоставува дека треба да има простор за нови лица во политичкиот живот. Во новиот Закон е ставен и пописот и мислам дека ова е избрзано и повторно се калкулира со тоа. ДУИ имаше неколку сомнителни изјави во послендиот период и ми се чини како тие повторно да немаат доволно добра конекција со своите гласачи и мислам дека наративите се тие, како што се провоцираме со Бугарите, така и тие се провоцираат со владата на Зоран Заев за да избоксуваат нешто. Тие ќе мора да се додефинираат како политичка албанска партија бидејќи да не заборавиме дека на минатите избори тие гласаа за Заев“, рече Јовановиќ.

Слични содржини