Костовски за таткото на Вања: Ти си монструозна рѓа

од Nikola Popovski

Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски се огласи на социјалната мрежа Фејсбук по грозоморниот случај и убиството на 14-годишната Вања, кој ја крена целата јавност на нозе.

-ТАТКО. Си створил живот, си створил дете, требаше да ја сакаш највеќе, ЖИВОТОТ СВОЈ ДА ГО ДАДЕШ!!! да ја заштитиш од се и секој, да ја чуваш, раниш, браниш, охрабриш … да бидеш ветерот во нејзините едра!!! …..ТАТО ……ќе ти ѕвони гласот додека си жив и ќе се каеш што не го даде животот свој!!! СО КОЕ СРЦЕ, ДУША И МОЗОК ја стави алчноста пред животот на детето свое?!?!? А ТОА ТИ ВЕРУВАШЕ!!! Како сега на другото ќе му објасниш дека си татко?!?!?! ТИ НЕ СИ ТАТКО-ТИ СИ РЃА МОНСТРУОЗНА!, објави Костовски на социјалните мрежи, споделувајќи фотографија од таткото на Вања, Александар.

МВР и Обвинителството денеска излегоа со нови информации за двојното убиство. За младата Вања осомничени се пет лица, меѓу нив и таткото на девојчето кој непосредно учествувал во целиот случај. Долга беше ноќта во Кривичен суд, кој определи мерка притвор за три лица, кои го признале делото.

Убиецот Љупчо Палевски-Палчо избега од државата и моментално не е достапен за органите на прогон. Обвинителството најави дека наскоро ќе биде распишана и меѓународна потерница.

Слични содржини