Ковачев за амандманот: Ова е сериозен проблем и доведува до навреди

од Nikola Popovski

Бугарскиот европратеник од Европската народна партија, Андреј Ковачев оценува дека амандманите на Социјалистите и Зелените се неправедни и неизбалансирани и не одговараат на реалноста. Тој се надева дека нема да бидат изгласани и дека ќе бидат укинати за време на самото гласање.

„Ги повикувам не само бугарските европратеници, туку и сите колеги во Европскиот парламент да поразговараат со предлагачите за нивните предлози да бидат објективни, а не да се базираат на информации од извори од македонската влада, да бидат засновани врз сите извори што покажуваат дека постои сериозен демократски проблем поврзан со дискриминацијата на луѓето кои го декларираат својот бугарски идентитет. Ова е сериозен проблем и доведува до навреди, дискриминација во општеството и на работното место. Овие се реалности што постојат и ЕП мора да ги потврди во оваа резолуција“, навел Ковачев.

Тој додава, меѓу другото, дека инсистира на историско помирување засновано врз нашата заедничка бугарска историја, како што е запишано во Договорот за пријателство и добрососедство.

 

Слични содржини