Ковачевски: ЕУ даде вистинска шанса на земјите од Западен Балкан да се интегрираме

од Nikola Popovski

„Земјите од регионот на Западен Балкан имаат предизвици. Глобалните случувања кои го променија светот имаа големо влијание и врз економиите од регионот, но ЕУ за земјите од Западен Балкан даде вистинска шанса за интеграција во Унијата“ рече премиерот Димитар Ковачевски на Скопскиот економски и финансиски форум.

Тој додаде дека важен е планот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен која ја промовираше заедничката цел за забрзување на проецсот на евроинтеграции.

„По Самитот во Солун во 2003 година, овој план е охрабрувачки за регионот бидејќи економските придобивки се со широк опафт. Четирите столба предвидени за земјите од Западен Балкан ќе дадат можност да се почиствуваат бенефитите на трансформациската моќ на европските интеграции и европскиот единствен пазар“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека само во 2021 година, ЕУ имала извоз од 2,18 билиони евра, а ако се погледне БДП на светско ниво, дури 60 отсто отпаѓа на САД и ЕУ, 25 отсто на БРИКС, а остатокот во останатите земји.

„Затоа кога говориме дека местото на нашата држава е во ЕУ, рамо до рамо со партнерот САД, значи дека сакаме земјата да ја поставиме таму каде што се најдобрите и најразвиените“ рече Ковачевски.

Слични содржини