Ковид 19 го намали наталитет во светот

од Stefanija Kuzmanovska

Пандемијата на коронавирус влијаела на падот на наталитетот во светот, покажува студијата на австрискиот демограф Томас Соботка.

Пандемијата на коронавирус го намали наталитетот ширум светот, се вели во студијата на австрискиот демограф. Студијата на Томас Соботка, демограф на Австриската академија на науките, покажува дека во ниту една земја во светот опфатена со истражувањето – 15 членки на ЕУ, Швајцарија, САД, Русија, Јужна Кореја, Тајван, Норвешка и Украина – девет месеци по почетокот на пандемијата не дошло до зголемување на наталитетот.

Покрај тоа, видлив е јасен пад на наталитетот, кој во Шпанија, на пример, изнесува 20 проценти. Најголем пад на наталитетот е забележан во земјите каде првиот бран на пандемијата предизвика високи стапки на инфекции и голем број смртни случаи, како што се Шпанија и Италија. Во Италија, стапката на наталитет падна за осум проценти.

Забележителна е и состојбата во Унгарија, каде бројот на родени деца се зголеми до деветтиот месец по почетокот на пандемијата, а во ноември бројот стагнираше, за да се намали за осум проценти во декември, а за 10 проценти во јануари.

Во Австрија, наталитетот падна за 5,5 проценти, што одговара на просечниот тренд на сите анализирани земји. Во Данска, Финска и Норвешка, стапката на наталитет остана стабилна.

Соботка оценува дека причината за падот на наталитетот треба да се бара и од економски и од здравствени причини, бидејќи жените се плашат да останат бремени за време на пандемијата. Како што пренесува „Танјуг“, Соботка верува дека пандемијата на ковид 19 ќе има последици дури и откако ќе помине.

Слични содржини