Ковид мерките стапуваат на сила, следуваат казни за оние кои нема да ги почитуваат

од Берта Китинска

Новите рестриктивни мерки, порача министерот за здравство Венко Филипче, се во насока на заштита на јавното здравје. Такви мерки се воведени во сите развиени земји во Европа и во светот.

Од денеска на сила стапуваат новите ковид мерки:

„Од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани). Приложувањето и поседувањето потврда за извршена имунизација – најмалку прва доза вакцина, се однесува на лица над 18-годишна возраст. Лице ќе може да влегува во угостителски објекти и на настани ќе може и со потврда за прележан ковид, но само во првите 45 дена сметајќи од денот кога оздравело. По завршувањето на првите 45 дена од прележувањето, и за овие граѓани ќе важи дека за влез во објекти треба да приложат серитификат за вакцинација, односно потврда за примена барем прва доза вакцина. Граѓаните кои од 16 август ќе бидат затекнати во објект или на настан без потврда ќе платат казна од 250 евра, а казната за угостителскиот објект се движи од 2.500 евра до 30 илјади евра, во зависност од големината на објектот, плус 1.500 евра за одговорното лице“.

-Ако јас одлучам да не ја примам вакцината и сепак влегувам во простор кој што е повеќе од 30 луѓе ги ризикувам сите останати 29 луѓе да бидат заразени од мене. Грижата на државата е во колективното здравје. Апелирам да се вакцинираме затоа што тоа е единствениот начин засега да ја победиме пандемијата и да се вратиме на нормалниот живот. Вакцините сите се здрави и се потврдени секаде низ светот. Америка веќе почна со давање на третата доза на тие со намален имунитет. Ги следиме меѓународните експертски поставености околу вакцинирањето и дефинитивно треба да се однесуваме како останатиот дел од светот, изјави премиерот Заев.

 

Слични содржини