Ковид-сертификати: Протести и контра-протести во Швајцарија (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Голем број луѓе се собраа во Швајцарија да протестираат против  ковид-сертификатите.

Демонстрациите во Берн беа мирни, за разлика од некои претходни, кога полицијата употребуваше водени топови.

Во исто време, се одржа контрапротест за поддршка на ковид-мерките.

Овојпат беше одобрен протест против ковид-документите, за разлика од претходно, за да се избегнат судири со полицијата.

Швајцарија ги воведе „зелените“ документи кон средината на септември и тие се услов за влез во многу институции.

Швајцарците на референдум во ноември ќе одлучат дали се за или против ковид-дозволи, објави РТ.

 

 

Слични содржини