„Ковидиот“ е нов македонски збор и сите знаете барем еден таков

од Vladimir Zorba

Од почетокот на епидемијата, ние бевме склони да ги нарекуваме идиоти оние кои грабаа огромни количини тоалетна хартија и ги празнаа полиците со брашно, потоа оние што носеа маски неправилно, потоа оние кои и покрај сите предупредувања и препораки, си тераа по свое … А сега зборот „ковидиот“ и официјално влезе во речникот.

Познатиот „Urban Dictionary“ го користи зборот „ковидиот“ (или по нивни „covidiot“) за да опише лице кое „ги игнорира предупредувањата и советите во врска со јавното здравје и безбедност“. Исто така, тоа е „личност која чува намирници само за себе и со тоа не мисли на другите“.

Во суштина, „ковидиот“ е некој кој не ги сфаќа сериозно коронавирусот или мерките за заштита, но, од друга страна, се однесува себично и ги чува само за себе маските за лице, средства за дезинфекција, тоалетна хартија и основна храна, без да размислува за другите. Терминот се повеќе се користи за луѓе кои делуваат како ништо да не се сменило, кои велат дека приказната за короната е „пренапумпана“, дека станува збор за вирус што е како грип, и се лутат кога некој ќе ги предупреди дека треба да носат маска. Тие не ги почитуваат мерките на социјална оддалеченост и другите упатства и грабаат храна.

„Некои едноставно не ја разбираат сериозноста на ситуацијата“, вели психологот Џон Мајер. „Тие негираат дека вирусот постои или веруваат дека не е толку опасен како што се вели во медиумите. Тоа негирање е всушност лажна храброст“, посочува тој.

Според тоа, тие се однесуваат неодговорно – и кон себе и кон другите.

„Ковидиотите“ обично мислат дека се имуни на вирусот или дека нема да се разболат сериозно“, вели д-р Тимоти Марфи.

Иако може да поминат без последици, тоа не значи дека ќе биде исто со луѓето со кои се во контакт.

„Тие можат да се заразат и да го пренесат вирусот на некој што ќе се разболи и ќе умре. Луѓето треба да разберат дека постои општествена одговорност“, предупредува д-р Марфи, истакнувајќи дека многумина се себични и се грижат само за сопствената благосостојба.

Во интервјуто за списанието „Health“, д-р Ричард Ваткинс ги вклучи во групата „ковидиоти“ и оние кои едноставно сакаат да се бунат против социјалните норми.

„Се сметаше за прифатливо во минатото, но не и за време на смртоносната пандемија – нема анти-ковид-19 и проковид-19 страни“, вели Воткинс.

Од друга страна, „кога расте неизвесноста, луѓето се посклони кон екстремно однесување“, вели д-р Петрос Левонис, шеф на Универзитетската болница во Њу Џерси.

„Некои луѓе карантинот ги направи импулсивни“, вели д-р Левунис, објаснувајќи како ковидиот стана сè почеста појава во исклучително сериозно време за современото општество.

Слични содржини