Крај на холивудската драма: Се спогодија Џони Деп и Амбер Херд

од Stefanija Kuzmanovska

Во текот на оваа година вниманието на светската јавност го привлече судскиот спор меѓу Џони Деп и Амбер Херд.

Холивудскиот актер Џони Деп и поранешната сопруга Амбер Херд конечно се спогодија по долгото судење пред судот во Вирџинија поради тужбата за клевета што ја поднеле еден против друг.

Вака заврши најкомплицираниот холивудски развод на кој јавноста беше сведок во последно време.

Адвокатите на популарната актерска двојка успеале да постигнат договор според кој осигурителната компанија на Амбер Херд ќе му плати еден милион долари на Џони Деп, за да стави крај на овој случај, дознава „Дејли мејл“.

Сепак, актерката нема ограничувања за што може да зборува во врска со случајот и не признава никаква вина.

Нивната правна битка траеше последните шест години, при што Деп поднесе тужба против Херд поради авторски текст што таа го напиша за Вашингтон пост во декември 2018 година. Во него таа се опишала како „јавна личност која е жртва на семејно насилство“, а иако во текстот конкретно не се споменува името на Деп, тој ја тужеше и бараше отштета од 50 милиони долари. А потоа таа возврати, барајќи 100 милиони долари затоа што „трпела неконтролирано физичко насилство и малтретирање“.

Судијата на крајот одлучи дека таа треба да му плати на поранешниот сопруг 10 милиони долари отштета во тужбата за клевета, а Деп да ѝ плати 2 милиони долари.

По одлуката на поротата, Амбер во неколку наврати протестираше, најавуваше жалби и јавно изјави дека нема пари да му плати на поранешниот сопруг.

Меѓутоа, случајот конечно го доби својот епилог, а според оваа спогодба Џони Деп ќе добие значително помалку пари за обештетување во однос на сумата што ја одреди судот, но веќе нема да има спор со поранешната сопруга.

Слични содржини