Крај за Infiniti Q60

од Vladimir Zorba

Според американските медиуми, Infiniti се подготвува наскоро да го исфрли моделот Q60 од својата понуда.

Ако извештајот на „Car and Driver“ се покаже како вистинит, тоа ќе значи крај на купето со две врати.

Q60 беше претставен во 2015 година како концепт автомобил, додека серискиот модел пристигна во 2016 година на саемот за автомобили во Детроит.

Што се однесува до причината за неговото откажување, „Car and Driver“ наведува дека тоа се должи на популарноста на теренците и кросоверите во луксузниот сегмент. Исто така, ќе го отвори патот за влез на јапонската марка на пазарот на електрични возила, со два такви модели кои ќе се произведуваат во фабриката на Nissan во Мисисипи.

Производството на Infiniti Q60 ќе продолжи до крајот на 2022 година, па се очекува одредени количини да останат во продажба во текот на првите месеци од 2023 година.

Слични содржини