Кралицата на Данска (82) оди на операција

од Stefanija Kuzmanovska

Данската кралица Маргарет Втора, која минатата година ја прослави педесетгодишнината од стапувањето на тронот, ќе биде подложена на операција на ‘рбетот, по што ќе се соочи со долго закрепнување.

Кралицата веќе некое време страда од болки

Зафатот е закажан за 22 февруари во Ригшоспиталет, главната болница во Копенхаген, каде што кралицата ќе се опоравува. Се очекува дека ќе биде потребен долг период на рехабилитација. Тоа значи дека некои официјални ангажмани ќе бидат откажани, одложени или ќе бидат извршени од други членови на кралското семејство.

Кралицата веќе некое време страда од болки во грбот, кои неодамна се влошиле. Минатата недела таа го откажа планираниот одмор во Норвешка.

Маргарета (82), позната по својот уметнички талент и сива пунџа, е првата жена на данскиот трон. Таа е вториот најдолговечен монарх во данската историја, а по смртта на Елизабета Втора, нејзината далечна роднина, таа сега е и најдолговечниот европски монарх.

„Ќе останам на тронот додека не паднам од него“, се пошегува таа еднаш.

Слични содржини