Кремљ: Изјавите на Бајден се неприфатливи и недостојни за американски лидер

од Vladimir Zorba

Кремљ денеска соопшти дека вчерашните изјави на американскиот претседател Џо Бајден, кој побара на Владимир Путин да му се суди за воени злосторства, се неприфатливи и недостојни за американски лидер, пренесе „Гардијан“.

Во денешното обраќање за печатот, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека обвинувањата дека руските сили извршиле воени злосторства со егзекуција на цивили во Буча се „монструозни фалсификати“ со цел да се „оцрни“ руската армија.

– Тоа е само добро режирано – но трагично – шоу. Уште еднаш ја повикуваме меѓународната заедница: оттргнете се од ваквите емотивни перцепции и размислете сами. Споредете ги фактите и разберете со каков монструозен фалсификат имаме работа“, посочи Песков.

Русија не ја исклучува можноста за средба меѓу Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече Песков, но нагласи дека средбата може да се одржи дури откако ќе се договори документот.

Песков одби да го коментира напредокот на мировните преговори меѓу Русија и Украина, за кои се вели дека ќе се одржат денеска преку видео врска.

Слични содржини