Кремљ упати критики кон Јапонија: „Многу непријателски став кон Русија“

од Stefanija Kuzmanovska

Кремљ денеска ја критикуваше Јапонија за, како што соопшти, „многу непријателски однос“ кон Русија, велејќи дека тоа го попречува развојот на економските односи, вклучително и енергетиката.

– Јапонија зазема многу непријателски став кон Русија. Во секој случај, таквиот непријателски став не помага да се олеснат трговските и економските односи, вклучително и дијалогот поврзан со енергетиката – изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува „Ројтерс“.

Јапонија им се придружи на своите западни сојузници во воведувањето големи економски санкции кон Русија поради конфликтот во Украина.

Официјална Москва реагираше и на информациите дека јапонскиот премиер Фумио Кишида предложил цената на руската нафта да се ограничи на околу половина од сегашното ниво.

– Вчера разговаравме за предлогот на Кишида и кажавме дека ова е само најавена иницијатива, не е донесена консолидирана одлука – рече Песков и додаде дека е неизвесно дали може да се донесат такви одлуки.

Слични содржини