Бремената сопруга на поп-ѕвездата Џон Леџенд позираше за нова фотосесија за списанието InStyle, Австралија (февруари / 2016).d1bef134f5c81189a1e8489168ca66f4

Само пред еден месец сексапилната Американка со тајландски корени Криси Тејган застана на првата корица на Vogue, Тајланд, каде откри дека со Џон очекуваат девојче.

Во новото интервју 30-годишната убавица зборува за своите фертилни проблеми кои влијаеле сонот да зачне да стане реалност, во текот на неколку години.

Моделот сподели дека добила многу совети за тоа како да се облекува додека е бремена од нејзината пријателка Ким Кардашијан.

Таа вели: “Ким ме посоветува да носам растеглива облека која ќе го нагласува мојот стомак. Мило ми е што и Кание и Џон ја сметаат бременоста за секси. Имам една наметка од трико на Wolford, која може да се носи на различни начини и таа ми е омилена токму во моментов. ”

Долгоногата  Криси го покажува со гордост заоблениот стомакот, блескајќи на сите снимки од фотосесијата.

Тејган која е поранешен модел на Sports Illustrated Swimsuit, во последно време се појавува како телевизиска водителка во шоуто за животен стил на Тајра Бенкс “FABLife”.

Видете ги фотографиите на Криси Тејган од последните нејзини две фотосесии во галеријата.

 

Слични содржини