Кристијано Роналдо позитивен на коронавирус!

од Aleksandar Petrovski

Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери во историјата, е позитивен на коронавирус.

Водечките спортски медиуми објавија дека португалскиот ас и првата ѕвезда на Јувентус е заразен со новиот вирус. Уште еден во низата спортисти кои се борат против Ковид-19.

Роналдо беше тестиран пред натпреварот помеѓу репрезентациите на Португалија и Шведска, кој е планиран за во среда (20.45 часот) во рамките на Лигата на нации, и тој нема да може да биде на теренот во дресот на репрезентацијата.

Кристијано претходно играше против Франција, во истото натпреварување, а откако доби позитивен резултат на корона, го напушти репрезентативниот табор.

Како што се наведува, тој се чувствува добро, нема симптоми и е во изолација, потврдено е од Фудбалскиот сојуз на Португалија.

Сите други португалски играчи повторно беа тестирани овој вторник поради Роналдо и сите се негативни на коронавирус.

Слични содржини