Кривокапиќ: Ќе го укинеме спорниот Закон за слобода на вероисповед

од Nikola Popovski

Носителот на коалициската листа „За иднината на Црна Гора“ изјави дека се подготвува нов договор со коалициските партнери и дека на прво место ќе биде укинувањето на таканаречениот Закон за слобода на вероисповед.

„Сакам да ви кажам дека сега подготвуваме нов договор со програмата за законодавни реформи. Укинувањето на таканаречениот Закон за слобода на вероисповед ќе биде на прво место. На крајот на краиштата, токму овој дискриминирачки закон го охрабри народот да се бори и го запали пламенот на вистината, кој победи на изборите на 30 август“, изјави Кривокапиќ за рускиот телеграм-канал „Назигар“.

Зборувајќи за односот на Црна Гора кон остатокот од светот, тој рече дека идната влада ќе воспостави добри односи со сите земји во светот, вклучувајќи ја и Русија.

„Односите секогаш биле такви што пред 30 години ги гледавме Русите како најблиски луѓе. Но, Ѓукановиќ водеше политика во духот на Тито и нашите односи почнаа да се влошуваат. Затоа ќе ја кажам најважната работа: ќе воспоставиме добри односи со сите земји во светот, вклучително и со Русија. А сегашната ситуација е апсурдна: замислете дека вие, како мала земја, воведувате санкции против голема земја како Русија. Ваквите одлуки не се водени од интересите на граѓаните, туку потекнуваат од други, многу интересни сфери“.

Слични содржини