Крос: Одиграв 106 натпревари за Германија, сакам да бидам со моето семејство

од Vladimir Zorba

Играчот за врска на Реал Мадрид, Тони Крос, повеќе нема да игра за репрезентацијата на Германија, а тоа го потврди на својот Инстаграм профил.

– Одиграв 106 натпревари за Германија. И тука ставам крај. Нема да ги има повеќе. Јас би дал сè ако ја завршев репрезентативната кариера со 109 натпревари, односно ако игравме финале и го освоивме Европското првенство. За жал, тоа не беше случај, напиша Крос.

Тој посочува колку време му требало да се одлучи на овој чекор.

– Во мојата глава созреа дека нема да играм на Светското првенство во Катар 2022 година. Сакам да се фокусирам на Реал Мадрид. Покрај тоа, сакам да имам пауза во летната сезона, која ја немаше 11 години. Сакам да поминувам повеќе време со сопругата и децата, рече Крос.

Слични содржини