Крстајиќ: Македонија е добра репрезентација, очекувам еден тежок меч

од Берта Китинска

Сакам Бугарија да покаже карактер, и да победи против Македонија, вели селекторот на Бугарија, Младен Крстајиќ на официјалната прес конференција пред утрешниот меч и гостување во Скопје порачувајќи дека не го интересираат други работи ќе се води фудбалска, а не политичка битка.

Стратегот на Бугарите е свесен дека претстојниот меч ќе биде многу потежок во однос на претходниот со Гибралтарците.

– Македонија е добра репрезентација, очекувам еден тежок меч, треба да ја имаме енергијата што беше присутна на натпреварот со Гибралтар. Игравме тогаш со многу адреналин и така треба да играме. Треба само да излеземе на теренот, да бидеме фокусирани. Ќе играме атрактивно колку што ќе ни дозволи противникот. Ако резултатот е добар за нас, значи сигурно сме одиграле добро ,рече Крстајиќ.

Предводникот на Бугарија по средбата со медиумите го поведе и официјалниот тренинг на оваа селекција на Арената „Тодор Проески“, пред натпреварот кој се игра утре во 20:45 часот.

Слични содржини