Круниќ: Ја сакам Звезда, но ќе мора да ја победам!

од Stefanija Kuzmanovska

Фудбалерот на Милан, Раде Круниќ е подготвен за натпреварот од Лигата на Европа против Црвена звезда.

Раде Круниќ беше јасен пред натпреварот.

– Никогаш не сум криел дека сум голем фан на Звезда, но јас сум професионалец и ќе се обидам да победам и за жал да ја исфрлам Звезда од европското натпреварување. Од една страна, среќен сум што играм во Белград и ќе ја почувствувам почвата на Србија и Маракана, лично тоа многу ми значи. Милан е клубот за кој сонував и секако дека ќе бидам професионалец – рече Круниќ на прес-конференцијата.

Продолжи во истиот ритам.

– Свесни сме дека Звезда е најсилниот тим во Србија и дека е тим со големо минато. Ние, како играчи на Милан, имаме доверба во себе, свесни сме кога играме и мора да си ја вратиме самодовербата по поразот од Специја.

Слични содржини