КСОМ е против задолжителната вакцинација на вработените

од Nikola Popovski

„Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија е против задолжителната вакцинација за вработените во јавниот и приватниот сектор“, соопштија од Конфедерацијата.

Според нив, неприфатливо е да се наруши слободниот избор на работниците по однос на прашањето за имунизација од Ковид-19.

-Мнозинство од работници се веќе вакцинирани, но постои и дел од вработените кои решиле да не се вакцинираат поради лични или здравствени причини и синдикатот силно го почитува нивниот избор. Како КСОМ ја поздравивме кампањата и едукацијата на работниците по однос на вакцинацијата, но на крајот секој поединец сам носи одлука за сопственото тело, велат од таму.

Слични содржини