Кунгуловски за британскиот сој: Зошто не реагиравме проактивно, иако знаевме што ќе се случи во март?

од Nikola Popovski

„Математиката и науката никогаш не лажат. Со самото откривање на првите примероци во јануари заразени со британскиот сој, можеше со голема сигурност да се претпостави дека ова ќе се случува. И тоа јасно се гледаше дека ќе се случува во Март. Зошто никој не делуваше проактивно, сеуште ми е нејасно и НЕПОИМЛИВО“, прашува биоинженерот д-р Горан Кунгуловски, кој работи во Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина, како дел од клиниката „Жан Митрев“.

Според него, науката вели дека откако некој вирус ќе се прелее и адаптира од неговиот животински домаќин кон човечки, подлегнува на неколку еволутивни фази.

„Што значи еволуција на вирусот? Бидејќи делбата на вирусот е неперфектна, кај него се акумулираат мутации. Некои од нив водат до промена на својствата и особеностите на самиот вирус. Ако тие својства водат до побрза делба на вирусот (или друго позитивно својство) се вели дека тоа ја зголемува еволутивната подготвеност на вирусот (evolutionary fitness) односно добива еволутивна предност, тоест еволуира.

Како почнува работата. Прво, вирусот почнува да инфицира популација на луѓе – и се додека мнозинството на популацијата е неинфицирано (без имунитет) тогаш преку Дарвинова селекција ќе се добијат соеви коишто се пренесуваат полесно (нормално дека ако инфицираш повеќе луѓе за побрзо време ќе станеш доминантен сој). Ова првпат се случи некаде во доцен Јануари, Февруари 2020 со појавата на D614G мутацијата, којашто доведе до зголемена преносливост во споредба со изворниот Wuhan-ски сој. Прв дел од прва фаза започнат. Соевите со D614G мутацијата станаа доминантни во светот и станаа основа за нова попренослива верзија на вирусот. Една од нив е таканаречениот британски сој којшто се појави во Септември 2020. Втор дел од прва фаза започнат“, пишува Кунгуловски на Фејсбук.

Тој се се надевам дека верзијата што ќе стекне особеност на ре-инфекција (избегнување на имун систем) како контраефект ќе добие особеност намалена на инфективност и смртност (иако сум песимист за ова) и со тоа ќе ни даде време да направиме нови вакцини и логистички ланци за достава на истите.

„Есенцијално е вакцинирањето на што поголем број на луѓе. Уште поесенцијално е вакцинирањето на што поголем број на луѓе во краток временски период, на светско ниво. Само така може да се намали шансата за нови поинакви верзии на вирусот“, стои во објавата на Кунгуловски.

Слични содржини