Курти: Ние сме ориентирани кон иднината, а за нас иднината е ЕУ

од Берта Китинска

На новинарското прашање зошто Косово не ја поддржува иницијативата „Отворен Балкан“, во која се вклучени Македонија, Србија и Албанија,премиерот на Косово, Албин Курти при денешната посета на земјава немаше конкретен одговор.

„Ние сакаме што повеќе соработка и остварување на договорите, а денешната средба е доказ за тоа. Ние сме ориентирани кон иднината, а за нас иднината е ЕУ. Затоа ние ќе ги поттикнеме сите регионални соработки со цел ЕУ и сосема природно е дека спроведувањето на ниту еден од договорите што ги потпишавме нема да биде доведено во прашање“, изјави Курти.

Владите на Северна Македонија и Косово денеска ја одржаа првата заедничка владина седница за која премиерите порачаа дека тоа е јасен израз за желбата за зајакнување на билатералните односи и соработката во сите области кои се од заемен интерес.

Двете страни денеска потпишаа вкупно 11 договори и меморандуми меѓу кои спаѓаат и: договор за спојување на двата автопати во граничниот премин Блаце-Јанковиќ; договор за физибилити-студија за патот Призрен-Тетово; договор за воспоставување заеднички гранични премини; договор за заеднички скијачки проект кој ќе ја поврзува Брезовица со Попова Шапка итн.

Слични содржини