Кутињо: И во Ливерпул го постигнав првиот гол по асистенција на Суарез

од Vladimir Zorba

Фудбалерот на Барселона, Филипе Кутињо беше многу среќен, откако го постигна првиот гол во дресот на новиот клуб. Тој се запиша во мрежата на Валенсија (2:0) во натпревар од Кралскиот Куп.

Асистенцијата дојде од Луис Суарез, кој направи добар пробив по левата страна.

„Многу сум среќен. Истото беше и во Ливерпул. Го постигна својот прв гол по пас на Суарез. Исто така, сакам да им помогнам на другите да постигнуваат голови. Во Барселона бев многу добро прифатен. На кој пост сакам да играм? Треба да покажам силна игра во секоја позиција, на која тренерот ќе ме постави“, изјави Филипе по мечот.

Слични содржини