Опозициската СДСМ денес го повика Јавното обвинителство да отвори истрага за парите од кинески банки ки Македонија ги зема преку кредитот со Унгарија.
Богданка Кузеска, портарол на СДСМ, на денешната прес конференција изјави дека списанието Блумберг вчера објави дека Унгарија објавила претходно необјавени детали за заем од милијарда евра што владата на Виктор Орбан го земала од Кина во 2024 година. Таа рече дека новиот унгарски премиер Петар Маѓар бара истрага во Унгарија за овој договор и дека таков скап и нетранспарентни договор склучи и македонската Влада со владата на Орбан.
-Истата година кога Мицкоски го зеде кредитот од Унгарија со иста сума. Парите Унгарија ги земала од Кина истата 2024 година од China Development Bank, Export-Import Bank of China и унгарската филијала на Bank of China, изјави Кузеска, и додаде дека .новите информации излегуваат по изборниот пораз на Орбан.
Таа рече дека се криеле трошоци, камати, еднократни трошоци.
-Исто како во Македонија. Имаше скриени трошоци кои владата никогаш не ги соопшти. Над милиони евра беа префрлени за договорни услуги, но никогаш не се дозна дали се за банкарски провизии или за консултантски услуги. И се уште не се знае каде завршија овие пари. Освен дека ќе мора да ги вратат граѓаните, изјави Кузеска.
Според СДСМ и во Македонија мора да има истрага за кинеските пари.
-Сè што Маѓар сега го разоткрива во Унгарија – перење пари, контрола на медиуми, тајни бизниси, корупција, директно се пресликува и во Македонија. Затоа повикуваме Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага и се да се истражи., изјави Кузеска.