Кузеска: Последниот сет од 26 мерки е директно насочен кон заштита на стандардот

од Берта Китинска

Во услови на најголема економска и енергетска криза во којашто се наоѓа Европа и светот, со добри економски политики Владата предводена од СДСМ во континуитет презема мерки за заштита на стандардот на граѓаните и на економијата во целост, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Кузеска посочува дека последниот сет од 26 мерки кој го донесе Владата е тежок 400 милиони евра и директно насочен кон заштита на стандардот, намалување на трошоците, на цените на храната, на енергенсите а со тоа и куповната моќ на граѓаните.

-Ќе споменам дел од клучните мерки:Ја укинуваме целосно стапката на ДДВ за основните производи храна, на 0%. Лебот, брашното, маслото за јадење, млекото, шеќерот, месото, јајцата и оризот се опфатени со оваа мерка.Маржите на основните производи храна се замрзнати. Ги укинуваме царинските давачки за увозот на основните прехранбени производи, и тоа од сите земји.
На овој начин го ублажуваме влијанието на ценовните шокови врз основните прехранбени производи.Понатаму, ја намалуваме акцизата за горивата и го намалуваме ДДВ за енергенсите од 18 на 10%. Со оваа мерка која очекуваме да стапи на сила веднаш по усвојување на законите во Собранието, бензинот ќе поефтини за 11,5 денари а дизелот за 10 денари.Дополнително, целосно ослободуваме од плаќање ДДВ при увоз на гас, електрична и топлинска енергија, вели таа.

Воедно според владината одлука за ранливите граѓани се воведува парични ваучери од 3.000 денари за над 35 илјади граѓани ќе имаат директен бенефит од оваа мерка.

-Новите 26 мерки се целосно насочени кон користење на сите ресурси на државата во поддршка на граѓаните и стопанството во време на криза. Тоа е правилно и вистинско.
Остануваат мерките за субвенционирање на цената на парното и цената на струјата, а се пролонгира и важењето на мерката за намален ДДВ за струјата, вели Кузеска.

Слични содржини