Кузеска: Стоп за лажните вести кои се пласирани преку медиуми блиски до ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski

„СДСМ како одговорна партија целосно е посветена на спроведување активности за спротивставување на дезинформации, лажни вести со што ќе се спречат штетите коишто му ги нанесуваат на нашето општество“, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција.

Според неа, “Стоп за дезинформациите”, е еден од 10 приоритети во стратешката владина рамка “Акција 21” – за европски стандарди дома.

„Во рамки на Планот за одлучна акција против ширењето на дезинформациите и против нападите врз демократијата, во периодот пред нас, ќе има засилени активности, широки консултации со медиумските работници и со граѓанскиот сектор, и уште посериозна, поинтенивна борба со дезинформациите, со говорот на омраза и сите други форми на хибридни закани против демократијата.

Со овој План изработен е и протокол за кризни комуникации помеѓу централниот владин комуникациски сервис и министерствата, којшто за време на ковид кризата изминатата година, значително придонесе во сузбивањето на лажните вести кои во огромен број беа пласиран преку медиуми со сомнително финансирање и блиски до опозициската ВМРО-ДПМНЕ“, вели Кузеска.

Таа нагласува дека такви тенденции се препознаваат и денес со вестите поврзани за вакцината против КОВИД-19, се со цел да се предизвика недоверба кај граѓаните, несигурност и паника, и секако, да ги обезвреднат силните напори на институциите и лекарите во борбата против пандемијата.

„Ваквите обиди ќе се разобличуваат како дезинформации во соработка со факт чекери, а на медиумите ќе им се обезбеди најтранспарентен пристап до релевантни извори и информации , со цел креирање објективни медиумски содржини кои се од јавен интерес.

Јавниот интерес мора да се штити, граѓаните треба и мора да бидат целосно точно и навремено информирани за начините на заштита од КОВИД, вклучително и за процесот на вакцинација.

Лажните вести се директен удар врз демократијата. Тие мора да се препознаат, да се посочат, разобличат и целосно да се сузбијат“, заклучува портпаролката на СДСМ.

Слични содржини