Лавров: Киев лаже

од Stefanija Kuzmanovska

Лажни се тврдењата на Украина дека руската армија ги гранатира сопствените градови за да го обвини Киев, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува ТАСС.

„Со еден збор, тие лажат. Фактите се познати, нашето министерство за одбрана секојдневно ги изнесува фактите“, истакна Лавров на прес-конференцијата по разговорот со виетнамскиот колега Буи Тан Сон.

Тој исто така рече дека „западните земји мора да бидат свесни за својата одговорност, без разлика како и што објаснуваат украинскиот претседател Владимир Зеленски и неговите соработници“.

„Западот мора да биде свесен за својата одговорност за смртта на цивилите, пред се во Донбас и другите делови на Украина, каде режимот во Киев користи оружје против цивилите“, рече Лавров.

Посетата на рускиот министер на Виетнам беше реализирана по повод одбележувањето на 10-годишнината од „сеопфатното стратешко партнерство“ на двете земји, а потоа Лавров треба да отпатува во Индонезија за да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20 (група од 20), кој се состои од 19 најразвиени земји во светот, заедно со Европската унија.

Слични содржини