Лавров: На никој не му е потребна Трета светска војна, но некој е подготвен да оди до крај

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го обвини Западот за ќор-сокакот околу иднината на договорот за жито во Црното Море, велејќи дека Москва не видела „практично никакви резултати“ од договорот за извоз на жито и ѓубрива.

Русија сигнализираше дека доколку не се исполни списокот на барања за отстранување на пречките за нејзиниот извоз, таа нема да се согласи да го продолжи поврзаниот договор по 18 мај кој овозможува безбеден извоз на жито за време на војната од пристаништата на Украина во Црното Море.

Едно од барањата на Русија е Руската земјоделска банка (Росселхозбанк) да се врати во банкарскиот систем SWIFT. Лавров рече дека нема планови тоа да се случи и како алтернатива, Гутереш предложи американските банки да ѝ помогнат на руската банка во трансакциите.

Лавров потврди дека една банка „љубезно се согласила да финансира една операција“, но дека тоа не е долгорочно решение.

Извор запознаен со трансакцијата рече дека американскиот Стејт департмент и министерството за финансии на САД побарале од JPMorgan Chase & Co да спроведе „многу ограничена и високо набљудувана“ трансакција поврзана со извозот на земјоделски материјали, која се случила овој месец. Изворот рекол дека би можело да има дополнителни трансакции, пренесува „Ројтерс“.

На прес-конференција во Обединетите нации, на која беа опфатени повеќе теми, тој рече дека во догледно време ќе има реакција на писмото што шефот на ОН Антонио Гутереш го испрати до рускиот претседател Владимир Путин за договорот за жито.

Договорот со ОН помогна да се убеди Русија да дозволи извоз на украински жито од Црното Море според договорот – исто така посредуван од ОН и Турција во јули минатата година – чија цел беше да се реши глобалната криза со храна, за која претставниците на ОН рекоа дека е влошена со инвазијата.

Никому не му е потребна Третата светска војна, рече Лавров, „но се чини дека некој е подготвен да оди до самиот крај“, пренесува „Ројтерс“.

Запрашан за новинарот на „Вол Стрит Журнал“, Еван Гершович и поранешниот маринец Пол Вилан, кои се држат во Русија и дали би можело да се случи размена на затвореници, Лавров рече дека постои посебен, нејавен канал за да се разговара за размена на затвореници со САД.

Слични содржини