Лавров: Нема никаква геополитичка игра во создавањето „гасна унија“

од Stefanija Kuzmanovska

Нема никаква геополитичка игра во идејата за создавање „гасна унија“ меѓу Русија, Казахстан и Узбекистан, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Во моментов се разговара за иницијатива за формирање гасен проект меѓу Русија, Казахстан и Узбекистан. Аналитичарите, особено на Запад, веднаш почнаа да велат дека тоа е некаква политичка или геополитичка игра. Тука нема никаква игра“, рече Лавров во интервју за казахстанскиот ТВ канал „Кабар 24“.

Тој додаде дека Москва, Астана и Ташкент се соседи со заеднички систем за пренос на гас.

Слични содржини