Леброн: Боли ова ср*ње, повеќе нема да пропуштам плеј-оф

од Nikola Popovski

Еден од најдобрите кошаркари во историјата Леброн Џејмс оваа сезона не успеа да се пласира со Лос Анџелес Лејкерс во НБА плејофот.

Лејкерси регуларниот дел од сезоната го завршија како 11-ти на табелата, па не ни отидоа во плеј-ин разигрувањето.

Ова беше само четврти пат за Леброн да го пропушти плеј-офот. Претходно тоа му се случи во 2004, 2005 и 2019 година.

Тој сподели коментар со своите следбеници на Твитер по возбудливите натпревари во првото коло од плеј-офот.

„Не смеам и нема да пропуштам ниту еден плеј-оф во кариерата. Ова ср*ње боли! Во ред, се враќам да ги гледам натпреварите“, напиша Леброн Џејмс на Твитер.

Слични содржини