Леброн ги шокираше фановите: Се откажува од…

од Vladimir Zorba

Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс ги шокираше своите фанови.

Тој реши да го остави бројот 23 на неговиот дрес во историјата, и ќе го носи бројот 6 од следната сезона.

Ова не е прв пат JЏејмс да стави „шестка“ на грбот. Имено, тој го носеше истиот број четири години во Мајами, каде освои две шампионски титули од четири настапи во финалето. Може да се каже дека како најава за промена на бројот, овој кошаркар се огласи во филмот „Space Jam: A New Legacy“, кој ќе се појави во американските кина ова лето, а подоцна и во остатокот од светот.

Лејкерси неодамна беа елиминирани од плејофот во НБА лигата откако Феникс Санс беа подобри од нив.

Слични содржини