Леброн суспендиран за прв пат во кариерата: „Сите знаат дека не е валкан играч“

од Vladimir Zorba

Леброн Џејмс доби забрана за настап на еден натпревар, а Ајзеа Стјуарт со кого влегоа во спор на натпреварот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Детроит Пистонс е суспендиран на два натпревари, пренесе АП.

Џејмс во борбата за позицијата под кошот најпрвин со лактот, а потоа и со тупаница го удрил Стјуарт во лицето, по што тој облеан во крв го бркаше противникот на теренот и за малку ќе предизвикаше општа тепачка. Тој доби потешка казна поради неспортско однесување.

За играчот на Лејкерс и еден од најдобрите кошаркари во НБА на сите времиња ова е прва суспензија во неговата 19-годишна кариера, но и втор пат да биде исклучен од игра.

Вистински благослов е што инцидентот што се случи во Детроит во неделата не прерасна во општа тепачка, објави Хина, бидејќи раскрвавениот Стјуарт, кој потоа „заработи“ осум конци на аркадата, сакаше да се пресмета со ѕвездата на Лејкерси. Силниот 20-годишен центар едвај успеаја да го задржат неколку соиграчи и помошници тренери. Од друга страна, целата клупа на гостинскиот тим влезе на теренот за да застане во одбрана на Џејмс.

„Сите знаат дека Леброн не е валкан играч“

Откако се смири ситуацијата на теренот, судиите ги прегледаа снимките од сите настани и решија да го исклучат Леброн Џејмс поради „удар над висината на рамото“. На Стјуарт му беа досудени две технички грешки, што значеше негово исклучување, а техничка грешка заработи и Расел Вестбрук, бидејќи во хаосот што настана како резултат, не беше во улога на миротворец туку бараше конфликт со спротивната страна.

Снимката укажува на намерата на Џејмс да го повреди Стјуарт, со кого беше во клинч пред да го удри со лактот по лицето. Но, Лејкерси го отфрлаат тоа како можност.

„Лактот на Стјуарт заврши во ребрата на Џејмс, што беше фаул и Леброн се обиде да се заштити. Имаше ненамерен контакт, што очигледно беше доволно за да се исклучи“, изјави Френк Вогел, тренерот на Лејкерси.

„Сите во НБА знаат дека Леброн не е валкан играч. Кога го удри, го погледна и му се извини“, изјави центарот на Лејкерс, Ентони Дејвис, кој исто така беше во клинчот, во кој Стјуарт се најде меѓу двајца играчи на Лејкерс.

Слични содржини