Легендарниот турски голман на респиратор, лекарите се борат за неговиот живот

од Aleksandar Petrovski

Поранешниот голман на Барселона Рушту Речбер се наоѓа во критична состојба откако се заразил со коронавирус.

Минатата недела, тој бил итно примен во болница, но сега состојбата значително му се влошила, јавуваат турските медиуми.

„Мојот сопруг е примен во болница и потврден му е Ковид-19. Се беше нормално, а одеднаш се развија симптомите. Се уште сме во шок.“ – напиша неговата сопруга Исил на социјалните мрежи.

Турскиот весник „Милијет“ јавува дека турскиот голман заболел од коронавирус токму од сопругата која се вратила од патување во САД. Исил ги прекршила здравствените прописи и не била во двонеделен карантин, туку веднаш отишла во козметичкиот салон кој го поседува.

Речбер е рекордер по бројот на настапи за репрезентацијата на Турција со 124 натпревари. За време на својата кариера тој играше за Барселона, Фенербахче, Бешикташ и Анталија.

Слични содржини